Се ближи крајот на судењето на Сеад Кочан за местените тендери во ЕЛЕМ од 17 милиони евра

by Fokus

Денеска во Кривичниот суд се закажани судските рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Труст“ и „Тарифа“.

Во „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, како и две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија.

На ред се доказите на одбраната, по што се очекуваат завршните зборови и пресудата.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Поврзани новости