СДСМ: Мицкоски призна дека учествувал во насилството во Собранието на 27 април

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски денеска признаа дека тој учествувал во насилството во Собранието на 27 април и со тоа опозициската партија призна дека таа стои зад насилствата што се случија на крвавиот четврток, реагираат денеска од СДСМ откако Мицкоски рече дека на 27 април бил „со народот“.

-Со тоа Мицкоски потврдува дека е дел од политиките на неговиот претходник Никола Груевски. Очигледно е дека Христијан Мицкоски ја има истата деструктивна матрица на неговиот претходник Груевски, не успева да ги надмине политиките на конфликт и поделби и вистински да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ во одговорен и констуктивен политички субјект, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости