Пратеничката Фросина Ташевска Ременски, потврдува дека пред нејзиниот дом вечерва протестираат четриесетина луѓе, кои извикуваат навреди и закани кон неа и нејзиното семејство. Според неа зад протестот стои Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, а во групата луѓе се забележани и советници на оваа партија во Општина Карпош.
Ременски пријавила во полиција за протестот и на лице место се наоѓаат неколкумина полицајци. Вели дека за сега нема инциденти.
-Ова е гадно и вулгарно и не е јавен протест. Јавен протест се најавува претходно и се одржува на јавно место, а протест пред нечиј дом значи и закана за живот. Јас за ова ќе поднесам кривична пријава против организаторите на протестот, а знаеме кои се организатори. Дефинитивно ВМРО-ДПМНЕ стои зад ова. Во групата ги видов претседателот на Општинскиот комитет и советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош, Тони Јаревски – вели таа за „Фокус“.