Рама се пофали дека е најзаслужен за законот за јазици во Македонија

by Фокус

Премиерот на Албанија, Еди Рама, на конференцијата на Младинскиот форум на неговата Социјалистичка партија изјави дека неговата влада е заслужна за изгласувањето на законот за јазици во Македонија.

-Пред неколку дена, во македонското Собрание помина законот кој не можеше ни да се замисли пред некое време. Јас ви велам дека сите вие треба да бидете горди, треба да бидат горди сите тие што гласаа, ја поддржаа и веруваа во оваа партија, бидејќи без неа денеска немаше да постои официјален албански јазик во Македонија – изјави  Рама.

Поврзани новости