Претседателството на ДУИ заседаваше шест часа

by fokus

Заврши шестчасовната средба на централното претседателство на ДУИ, на која според членовите на партијата се зборувало најпрвин за оставката на министерот за правда Билен Саљији, објави Независен весник.

Оставката била поздравена од страна на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, кој кажал дека оваа оставка од морални причини треба да биде пример за сите други функционери на партијата.

За време на шестчасовната средба, која се одржа денеска во Мала Речица, исто така членовите на партијата давале отчет за сработеното во институциите досега, но и за тоа што треба да се сработи во периодот што следи.По завршувањето на средбата, ниту член не даде изјава за медиумите, иако тоа беше најавено пред почетокот.

Вицепремиерот Бујар Османи, кој е и задолжен за пренесување на ставовите на партијата, на заминување рече дека средбата траела толку долго затоа што сите членови на централното претседателство се обратиле пред Ахмети. Според него на состанокот не се зборувало за можни кадровски промени или нови имиња за министри или други функционери во актуелната Влада.

Поврзани новости