Пратениците не ги фаќа место, Џафери им даде пауза за да се соберат

by fokus

И покрај еден месец отсуство, пратениците не ги фаќа место. Собранието не може да ги разгледа предложените закони по скратена постапка, затоа што парламентарното мнозинство не може да обезбеди кворум.

Само што почна денешната пленарна седница, мораше да биде прекината затоа што во салата беа присутни 59 пратеници, што не е доволно за полноправно да се одлучува.

Не успеаја бројните повикувања и молби на собранискиот спикер, Талат Џафери,  до пратениците да влезат во салата и да седнат на своите места. Џафери даде пауза, со што пленарната седница продолжува во 13.00 часот.

Меѓу другите закони денеска треба да се изгласа и Законот за укажувачи.

Поврзани новости