678
Владејачкото мнозинство е единствено виновно за правната и политичка конфузија во којашто се наоѓа Собранието. Пратениците на опозицијата пред пет месеци ги депонираа своите оставки во Собранието и спикерот Трајко Велјановски може да ги верификува во секој момент и нема потреба од поврзување со било какви датуми за тоа да го стори. Ова е заклучокот од вчерашниот заеднички состанок на Извршниот одбор на СДСМ со пратеничката група.
Овој став на СДСМ доаѓа по неофицијалните партиски информации дека на 10 ноември Собранието може да почне постапка за одземање на мандатите на 31 пратеник на СДСМ, со образложение дека шест месеци отсуствувале од работното место.