Полицијата не го пронајде дома Грујевски, Бошковски го носат во Шутка

by Fokus

Вечерва, по добивање на налогот од Апелациониот суд за притворање на ексначалникот на Петтата управа во МВР Горан Грујовски полицијата пред малку влегла во неговиот дом, но Грујовски не го нашла дома, објави СДК.МК

Се претпоставува дека Грујовски е во државата, бидејќи патните исправи му се одземени.

Според процедурата, судот го известува министерството за внатрешни работи, а тие треба да ги спроведат во Шутка.

Врховниот суд денеска во текот на денот ги потврди одлуките на Апелација, така што овој суд одлучи од притвор сепак да се спаси Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Сашо Мијалков. Наместо во притвор, врховните судии одлучиле да му се одземе и дипломатскиот пасош.

Поврзани новости