По предлог на Талат, Собранието ќе има пет потпретседатели

by fokus

Собранието на Република Македонија на денешната 12. седница ја усвои Предлог-одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието на Република Македонија.

Сега македонското Собрание ќе има пет потпретседатели кои ќе доаѓаат од различни партии, во зависност од нивната застапеност во Парламентот.

Бројот на потпретседатели го утврдува Собранието по предлог од претседателот на Собранието.

Поврзани новости