Партијата на Бачев: Владата се соживува со терористичката група од Косово, која уби 8 припадници на МВР во „Диво Насеље“

by Fokus

Владата на Косово со доделувањето на парична сатисфакција од 300.000 евра на семејствата на учесниците во „Диво Насеље“, всушност ја потврди својата поврзаност со терористичката група во кумановските настани, обвинуваат од Единствена Македонија.

„Од друга страна, Владата на Македонија вчера изјави дека дозволува меѓународна истрага и експертиза за терористичкот чин во „Диво Насеље„ и на тој начин покажува дека се соживува со терористичката група од Косово која уби 8 припадници на Министерството за внатрешни работи кое е дел од Владата на Република Македонија – се наведува во партиското соопштение.

 

 

Поврзани новости