Партијата на Бачев: Скандал е што Заев избрал функционери кои не знаат да ја водат државата

by Fokus

Зоран Заев вчера најави реконструкција на владата и притоа рече дека голем е бројот на луѓето во Владата кои многу се трудат, а не знаат, но се трудат и да научат, реагираат од партијата на Јанко Бачев.

“Ова е скандал сам по себе, бидејќи, произлегува дека Заев прво избирал владини функционери кои потоа треба да се трудат и да научат како се води држава. Единствена Македонија му укажува на Зоран Заев дека не избира било кој, туку државни функционери за вршење на функциите на државата и за ефикасно остварување на правата и должностите на граѓаните, и оттука, избраните треба да бидат луѓе со знаење, искуство и достигнување – се наведува во партиското соопштение.

 

 

Поврзани новости