656
Партијата на Јанко Бачев бара уривање на џамијата, за која на денешната прес-конференција рече дека постои правосилен акт за нејзино отстранување.
„Новиот градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов не постапува по истиот.Вчера СДСМ бомбастично соопштија дека остранувањето на споменикот на македонскиот револуционер Андон Лазов-Ќосеото ќе значи крај за дивоградбите во Скопје, но Шилегов не постапува согласно своите надлежности и не ја остранува џамијата. Ова е уште една голема лага на Зоран Заев“, вели Јанко Бачев, претседател на партијата „Единствена Македонија“.
Документот за кој говори Бачев, налага Исламската верска заедница веднаш сама да го урне верскиот објект, бидејќи не е согласно урбанистичкиот план.