Парите од Свети Трифун во Кавадарци, Неготино и Демир Капија ќе бидат донирани за операции на болни деца

by Fokus

Средствата собрани од штандовите со вино, ракија и други традиционални кулинарски специјалитети кои се нудеа на празникот Свети Трифун вчера, во Кавадарци, Демир Капија и Неготино, ќе бидат наменети за помош на граѓани од истите места.

Во Кавадарци, на штандовите се нудеше чаша вино бесплатно, но покрај виното беа оставени кутии за донации, па така по сопствена желба посетителите оставаа своја донација, наменета за млад кавадарчанец кому е потребна скапа лекарска интервенција. Во Демир Капија се собрале 2.000 евра, наменети за осумгодишниот Илија Петков, кому е дијагностицирана Малигна неоплазма на рбетен мозок, а операцијата изнесувала 15.000 евра.

Градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров ни потврди дека парите за детето се собрани, откако во изминатиов период во Демир Капија, но и во Неготино се одржаа голем број на хуманитарни настани. Во Неготино пак, на градскиот плоштад се продаваа чаши по цена од 50 денари, а во нив граѓаните неограничено можеа да бидат послужени со вино.

Исто се собрале средства и од продажба на традиционална храна, но и на медени срца, а парите ќе биле донирани на загрозено семејство, откако Црвен Крст ќе проценел кое семејство има приоритет, односно кому му се најпотребни во моментот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости