Отфрлена кривичната пријава што Мицковски ја поднесе против Рашковски

by fokus

Отфрлена е кривичната пријава против генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, за разрешување на поранешни државни функционери. На својот фејсбук профил Рашковски напиша дека кривичната пријава не била поткрепена со докази. Тој потсетува дека лажното пријавување е казниво дело и додава дека кривичната пријава е потпишана од генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

„Основното јавно обвинителство ја отфрли кривичната пријава поднесена од ВМРО ДПМНЕ потпишана од Кристијан Мицковски, против Драги Рашковски, генерален секретар на Влада на РМ со која беше обвинет за незаконско разрешување на поранешни државни функционери и незаконско поставување на нови. Главна причина за отфрлање на кривичната пријава е што ВМРО ДПМНЕ не доставил ниту еден доказ за тоа. Согласно казнениот закон, оној кој лажно ќе пријави друг дека извршил кривично дело, ќе се казни со казна затвор од минимум 6 месеци“, стои во фејсбук статусот на Рашковски.

Поврзани новости