Осуденикот Мирчевски сакал да се самоубие, лекарите се борат да го спасат

by fokus

Лекарски тим се обидува да го спаси 38-годишниот Игор Мирчевски, осуденик на доживотен затвор од КПД „Идризово“ кој денеска се обидел да се самоубие. Причината поради која Мирчевски се обидел да се самоубие засега е непозната, дознава Судство.мк.

Тој со амбулантно возило итно е пренесен кон скопските клиники, а по пат е придружуван од медицински тим.

Мирчевски пред 12 години од кичевскиот Основен заедно со другар му Анте Ристески беа осудени на доживотен затвор за грозоморното убиство на двајца нивни сограѓани.

Во судскиот процес кој се водеше против него и Ристевски, судот одлучи нивните другари и соработници во крвавиот настан кој ги потресе кичевци, Дарко Најдески (22) и Рубин Стојаноски (27) да одлежат по 5,5 години затворска казна.

Ристески и Мирчески беа обвинети за кражба, силување, две убиства и разбојништво, а Најдески и Стојаноски само за разбојништво. Според обвинението, на 16 ноември 2005 година Ристески и Мирчески ја убиле кичевчанката Митра Силјаноска (61). Пред убиството Ристески ја силувал жената. Таа се задушила оти била врзана со жица. Двајцата се товарат и дека на 31 декември го мачеле, го силувале и го убиле Радослав Божиноски од кичевското село Малкоец. На Силјаноска и зеле 600 денари, а на Божиноски 3.500 денари. Осудените убијци парите ги трошеле низ кичевските кафеани.

Поврзани новости