Османи: Нема да има генерален реизбор на судии

by Fokus

Мислам дека е апсолутно погрешна интерпретацијата дека владата или новото парламентарно мнозинство ќе прави реизбор на судии. Ќе се зголеми улогата на новиот Судски совет во дефинирање на постапките за избори или дисциплинирање на судиите, вели вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

– Дури една од мерките која е предвидена во планот 3-6-9 е анулирање на закон за верификација на факти за дисциплинирање на судиите, бидејќи тоа го сметаме како начин или инструмент за притисок, туку зголемување на улогата на Судскиот совет во тој дел, така што нема да има генерален реизбор на судии, туку воспоставување на систем со цел квалитетен избор на судии, кои ќе бидат независни и непристрасни во својата функција – тврди Османи.

Поврзани новости