Општина Боговиње без градоначалник, за утре најавени протести

by Fokus

Членовите на СОНК, вработени во основните училишта од оваа општина преку протест ќе го изразат јавно своето незадоволство затоа што сеуште ја немаат земено платата за месец мај оваа година.

Според СОНК, ова се должи на немање на легитимен потписник на платните списоци во општината – немање Градоначалник, а советниците во општината водејќи се од тесно партиски интереси, сеуште не можат да донесат одлука за избор на в.д. градоначалник.

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р.Македонија – СОНК не може да толерира ваков несериозен однос од страна на советниците на општина Боговиње и ќе ги преземе сите легални и легитимни мерки за остварување на правата на членството на СОНК.

На протестот, во знак на солидарност ќе земат учество и членовите од Регионалниот одбор на СОНК – Тетово, како и членови на семејствата на вработените во училиштата од оваа општина.

 

Поврзани новости