Новинар и уште две лица ќе сведочат за обидот за убиство врз Села

by fokus

На следното рочиште во Кривичниот суд, за обидот за убиство врз лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, ќе сведочат новинар и уште две лица. Трите сведоци на обвинителството биле во Собранието на 27-ми април и го посведочиле крвавиот напад врз Села од толпата демонстранти.

Ова рочиште е закажано за 19-ти март. На денешното судење вештаците од Судска медицина, кои го изготвиле вештачењето на Села, изјавија дека неговите повреди биле животозагрозувачки и дека доколку не ја зема редовно терапијата, Села може да добива епилептични напади.

Поврзани новости