Нови два земјотреси во охридско

by Фокус

Два земјотреси со јачина од 3,7 и 3,6 степени по Рихтер и повеќе послаби земјотреси во охридското епицентрално подрачје регистрирала синоќа и во текот на вчерашниот ден телеметриската сеизмолошка мрежа на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот со Рихтерова магнитуда од 3.7 степени бил регистриран во 21:31 часот минута со интензитет V степени според Европската макросеизмичка скала, а во 22:52 часот бил регистриран земјотрес со Рихтерова магнитуда од 3,6 степени, кој имал интензитет V степени според Европската Макросеизмичка Скала.

Како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје, регистрирани биле и повеќе послаби земјотреси со Рихтерова магнитуда помеѓу 2 и 3 кои биле почувствувани со интензитет III степени според Европската макросеизмичка скала.

Поврзани новости