811
Четворицата веќе избрани членови на ад хок телото за медиуми денеска повторно ќе се обидат да го изберат петтиот член. Рокот за тоа веќе истече, а членовите кои се по предлог на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ никако не можат да се договорат за избор на последниот член кој ќе биде Албанец.
Според неогифицијални информации, во потесен круг останале влегле Сефер Тахири и Даут Даути, но во вторникот четворицата членови информираа дека не успеале да постигнат конензус.
За вчера иако имаше закажно средба, членови по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Димишковска и Цветин Чилиманов не се појавија, па средбата не се одржа.