Нимиц утре на средба со Заев и Димитров

by fokus

Утре претпладне медијаторот во македонско – грчкиот спор ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. Извори од Владата за ТВ 21 велат дека Метју Нимиц кој веќе е пристигнат во Скопје, на иста маса ќе седне и со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Нимиц кој во Скопје официјално патува по повеќе од две години, според информациите доаѓа да го опипа пулсот на новата Влада и расположението за наоѓање решение за спорот за името.

Пред два дена од канцеларијата на портпаролот на Обединетите нации потврдија дека медијаторот во Скопје доаѓа на покана на премиерот Заев, а целта на состанокот ќе биде на кој начин да се постигне напредок во преговорите.

Поврзани новости