Нимиц доаѓа во Скопје од први до четврти јули

by fokus

Специјалниот претставник на Обединетите нации во разговорите меѓу Македонија и Грција за прашањето за името, Метју Нимиц, од први до четврти јули ќе го посети Скопје, соопшти канцеларијата на портпаролот на генералниот секретар на ОН.

Како што се вели во соопштението, Нимиц доаѓа во Скопје на покана на македонската Влада со цел да се дискутира за начините за постигнување напредок во разговорите со посредство на ОН за изнаоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето за името.

Во соопштението се додава дека на покана на Владата на Република Грција, предвидено е Нимиц да замине за Атина, веднаш по посетата на Скопје.

Поврзани новости