Никола Тодоров преку цената на својот мобилен го објаснуваше паралелниот увоз на лекови

by fokus

По седум месеци непојавување во јавноста, денеска поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров беше гостин во вестите на Канал 5 каде го објаснуваше паралелниот увоз на лекови.

Тој тоа го направи со помош на неговиот мобилен телефон. Рече дека тој телефон во Македонија чини 700 евра, а парлалениот увоз на лекови е ако тој го купи телефонот од друга земја каде неговата цена е 500 евра.

Тодоров негираше дека на тој начин во Македонија се увезувале фалсификувани лекови и со непроверен квалитет. Сепак, во еден момент се огради и рече дека фалисификувани лекови не се увезувале со негово или нечие знаење, а секој кој се сомневал дека некој лек е фалсификуван треба тоа да го пријави.

Поврзани новости