На раце дигале такси, за да добијат пристап да го изгаснат пожарот на факултетот

by Fokus

Рано изутринава избувна пожар во просториите на Архитекстонскиот факултет во Скопје.

Според нашите информации, пожарот избувнал во кабинет на еден од професорите на Архитектонски и се проширил. Го зафатил таванот од кој се урнале гредите.

Меѓутоа, откако се упатиле противпожарните екипи да го изгаснат пожарот, пред факултетот имало паркирано такси, а таксито не бил во него. Пожарната не можела да влезе и на раце го дигале возилото. Исто така, и кај Силбо не можела да помине пожарната па викале пајаци за да ги креваат паркираните возила. 

Пред факултетот можат да се забележат голем број на студенти, а според нашите информации пожарот веќе е изгаснат.

Поврзани новости