Мицковски: Со Груевски имам коректен однос, но не сме имале средба подолго време

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада во Република Македонија и тоа ќе биде победа на народот со кој заедно ќе се избориме за подобра иднина, за стабилна економија, за сигурна плата за граѓаните, за достоинствена шанса за сите, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски во интервју за Република.

-Во изминатиот период се посветив на внатрешно екипирање и тоа ќе продолжи во наредните неколку месеци. Сликата за ВМРО-ДПМНЕ се менува, ние сме модерна партија заоснована на силните традиции на оваа земја и со современи погледи за иднината – вели Мицковски.

Тој додава дека во наредниот период ќе биде изгласан советот на Извршниот комитет и ќе биде формиран тимот на советници меѓу кои, според него, ќе има и луѓе со меѓународно искуство.

-Јас ќе посветам повеќе внимание на теренските активности и ќе ме има во општинските комитети, во градовите и селата на Македонија. Ќе понудиме и прецизен коцепт за иднината на државата и спас од сеопштата криза во која се наоѓа – истакнува Мицковски.

Тој посочува дека има коректни односи со поранешниот претседател на ДПМНЕ Никола Груевски, иако, како што вели, подолго време не оствариле средба.

-Неговата главна преокупираност се науката и судските предмети кои се водат, а јас бев подолг период посветен на внатрепартиски прашања, а добар дел од времето, како што гледате, го посветив и на меѓународна активност и средби – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости