ОБНОВЕНО Министерката Канческа на соочување со Фатиме Фетаи за „Тендери“

by fokus

Во Основниот суд Скопје 1 пристигна на распит министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, осомничена во „Тендери“ предмет на СЈО. Таа во судот влезе од службениот влез, во придружба на адвокатот Никола Додевски, кој е бранител и на поголем дел од осомничените функционери во истраги што ги води обвинителството на Катица Јанева.

Канческа денеска ќе се соочи со аргументите на обвинителката Фатиме Фетаи и со судија на претходна постапка. Судијата ќе треба да одлучи дали на осомничената министерка ќе и го одземе пасошот, мерка на претпазливост што ја предложи СЈО.

СЈО откри дека тендерот од еден милион евра за завршните работи за Музејот на ВМРО бил наместен. Првоосомничена е министерката за култура Канческа – Милевска. Освен неа, осомничени за злоупотреба на службената положба се уште три членови на комисијата за јавни набавки.

В.В.

Поврзани новости