Малолетник се бори за живот по сообраќајка со мотоцикл

by Fokus

Синоќа во 23,10 часот во Скопје на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл “Трува“ управуван од возач на возраст од 17 години од Скопје и патничко моторно возило, кое по незгодата го напуштило местото на настанот, информираат од МВР.

Според полицијата, од незгодата, со телесни повреди се здобил возачот на моторциклот, а со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на возраст од 15 години од Скопје.

На лицата им била укажана лекарска помош во ГОБ “8-ми Септември“, при што сопатникот бил задржан на лекување.

Поврзани новости