Макфакс: Судијката Софија Лаличиќ изземена од предметите на СЈО, самата го побарала тоа

by fokus

Кривичната судијка Софија Лаличиќ е изземена од предметите на СЈО. Тоа денес самата го побарала од в.д. претседателот на Кривичниот суд, Стојанче Рибарев, дознава Макфакс.

Лаличиќ побарала изземање заради тоа што се споменува во една од „бомбите“. Претседателот Рибарев го уважил нејзиното изземање.

Ова вест за Макфакс ја потврди и самиот Рибарев.

Судијката Лаличиќ се споменува во еден разговор од „бомбите“ со шефот на тајната полиција Сашо Мијалков.

Ноефијално, можно уште една судијка да се изземе, иако таа не се спомнува во бомбите. Станува збор за судијакта Моника Бавчованска, која, сепак, е сопруга на именуван функционер од поранешанта владејачка гарнитура.

Поврзани новости