Мајка добила погрешно бебе на скопска Гинекологија

by fokus

Пред два дена мајка добила погрешно бебе на скопска Клиника за Гинекологија, дознава Фокус. Целата збрка била решена за 15тина минути, откако мајката се извинила за грешката.

Како што дознава Фокус, кога сестрата ја прашала мајката за бројот на бебето, мајката дала погрешни информации и земала бебе кое не е нејзино. За среќа, за брзо време грешката била увидена и поправена.

Во целата приказна останува нејасно како медицинската сестра, која е одговорна, дозволила такво нешто да се случи.

Од Клиниката за Гинекологија за „Фокус“ ја потврдија случката.

И.М.

Поврзани новости