Мајка пријавила дека тетовец упаднал кај неа дома и ја грабнал ќерка и

by fokus

39-годишната Ф.С. од Скопје, со привремен престој во Тетово, пријавила во полиција дека 38-годишен тетовец упаднал кај неа дома и ја грабнал ќерка и.

Настанот се случил вчера околу 19.45 часот. 38-годишниот Д.К. дошол во домот на Ф.С. и насилно ја земал нејзината 18-годишна ќерка Е.С. Мајката се обидела да го спречи во намерата, но Д.К. ја удрил два пати  по главата, по што ја внел Е.С. во неговото возило и ја однел кај него дома.

Од полицијата велат дека по преземени мерки, Д.К. и Е.С. биле пронајдени и однесени во СВР Тетово. За настанот, додаваат, е запознаен и Јавен обвинител.

Поврзани новости