Кој е Кирил Петров, директорот што ќе го замени Филип Петровски во Државниот архив

by Fokus

На вчерашната владина седница беше разрешен Филип Петровски, досегашниот директор на Државниот архив. На негово место ќе седне Кирил Петров, кој доаѓа од партијата Нова Алтернатива со која раководи Ѓорѓи Оровчанец, коалициони партнери на владејачката СДСМ.

Петров долг период е генерален секретар најпрвин на Демократска алтернатива, а подоцна и на Нова алтернатива. Тој по професија е адвокат и досега немал никакви раководни функции. За целото свое време, Петров работел на својата професија.

И.М.

Поврзани новости