Канческа-Милевска од народни пари плаќала по 4.300 евра од ден во ,,Хилтон“!

by fokus

 

Четири илјади и триста евра од личната картичка на екс-министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска се одлеале на сметката на прочуениот синџир хотели „Хилтон“  само за еден ден. Но, не од нејзината приватна сметка, туку од сметката на буџетот која ја полнат граѓаните на Република Македонија. „Хилтон“ не бил единствената дестинација на екс-министерката, која била чест гостин и на прочуените хотели „Шератон“ и „Риц“ во европските и светски метрополи. За ноќевање во овие хотели била плаќана сума од 300 евра од вечер.

Поврзани новости