Ги известуваме, едновремено и предупредуваме граѓаните на Р. Македонија дека производот FREYHERR Cannabis extract, деклариран како јачина од 1200 mg CBD/10 ml (12%), 10 ml, кој се наоѓа од неодамна на пазарот од Р. Македонија, со категоризација на граничен производ, ја нема декларираната содржина на CBD од 1200 mg, односно, реално содржи околу 970 mg CBD/10 ml. Тоа претставува не повеке од 81% од декларираната содржина на амбалажата и упатството на производот.
Потрошувачот е грубо изманипулиран. За цената која ја плаќа добива околу 19% помалку активен CBD од декларираната количина.
Оваа ниска содржина на CBD производот ја има непосредно по пуштањето на промет во Р. Македонија, а мора да се има во предвид дека декларираниот рок му е 3 години, до 03.2019 год.
Овој производ (Cannabis extract, 1200 mg CBD/10 ml) на производителот, FREYHERR, Љубљана, Словенија, не е воопшто регистриран и присутен ниту на Словенечкиот пазар, ниту било кој друг пазар во светот (ниту под ова име, ниту под друго име), освен во Р. Македонија.
Во однос на постоењето и дејноста на производителот FREYHERR, Љубљана, Словенија, не може ништо официјално да се осознае, дури не е достапен ниту преку интернет. На амбалажата е назначено дека носителот на одобрението е ДТПУ Промедика Дооел, Скопје, додека, во упатството за употреба, дека растението е со потекло во Германија.
Производната локација на FREYHERR, со цитираната адреса на амбалажата, Тобачна улица 5, Љубљана, е само канцеларија во Љубљана, без можност за постоење на било какви производни капацитети. Каде се одвивале неопходните технолошки фази кои водат до овој финален производ е сосема неизвесно.
Ако ваквата пракса веднаш, јасно и недвосмислено не се запре, просторот за секакви понатамошни манупулации во Р. Македонија останува отворен засекогаш, на штета на граѓаните кои масовно ги поддржаа позитивните измени на законот во однос на неговата примена во медицински цели.