Ивона Талевска призна дека затајувала данок, СЈО бара да ги врати парите

by fokus

Новинарката Ивона Талевска денеска во судот призна вина за кривичното дело даночно затајување кое Специјалното јавно обвинителство и го става на товар во случајот „Тифани“.

Денеска во Кривичниот суд почна судењето по овој предмет, во кој Талевска е единствено обвинета. Обвинителката на СЈО, Елена Јосифовска, побара од судот осудителна пресуда и плаќање на избегнатите обврски.

Судијката Софија Лаличиќ даде пауза бидејќи претставникот на Државното правобранителство Зоран Петковски не беше во можност да се произнесе за висината на штетата.

Според обвинението на СЈО, Талевска од 2008 до 2014 година, како управителка на друштвото за консалтинг „Смарт ДООЕЛ“ и на „Смарт груп ДООЕЛ Скопје“ во завршните сметки давала лажни податоци, при што одбегнала да плати 2.314.463 денари или 37.634 евра преку фирмите и 1.040.840 денари или 16.924 евра личен данок.

Поврзани новости