Иванов го поддржа Договорот со Бугарија: Со овој чин се гради доверба

by fokus

Со овој чин се потврдува политичката волја и заложба на двете држави за преземањето натамошни чекори кон градење меѓусебна доверба и надминување на отворените прашања, рекол претседателот Ѓорѓе Иванов кој попладнево го прими бугарскиот премиер Бојко Борисов.

На средбата се разговарало за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, како и за волјата и ангажираноста на сите што во изминатиот период беа вклучени во напорите за негово усогласување, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.

-Неопходно е заеднички да се соочуваме со предизвиците, во исто време бранејќи ги своите национални интереси. Токму затоа сметам дека ниту еден меѓудржавен договор не смеe да бидe на штета на сопствените државни и национални интереси. Постојано ја нагласувам потребата од решавање на спорните прашања на мирен начин и преку искрен и отворен политички дијалог, во согласност со меѓународното право и добрососедските односи со цел да се постигнат праведни и фер решенија врз основа на принципите на заемно почитување и поддршка и воздржување од мешање во внатрешните работи на државите, вели Иванов.

Иванов и Борисов разговарале и за потребата од засилена регионална соработка и за натамошно унапредување на севкупните билатерални односи меѓу двете земји, особено истакнувајќи ја потребата за подобрување на економската соработка и реализирање на започнатите инфраструктурни проекти во регионот.

Поврзани новости