Иако поделено парламентарното мнозинство ги изгласа измените на Законот за пушење

by fokus

Со 41 глас „за“ Собранието денеска ги усвои измените на Законот за заштита од пушењето. Против гласаа 14 пратениците, а воздржан беше еден пратеник.

Гласањето мораше да се повтори затоа што при првото, системот не ги регистрирал гласовите.

На гласањето му претходеше дебата меѓу пратениците од владејачката коалиција, дел од нив беа против носењето на вакви измени затоа што, рекоа, се загрозува здравјето на граѓаните. Пратениците од опозицијата не присуствуваа на седницата.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, ги повика пратениците да гласаат за измените посочувајќи дека останува на сила забраната за пушење во затворени простории, додека во отворениот дел од угостителските објекти, како што се тереаси, бавчи и платформи, на сопствениците ќе им се дозволи да ги затворат во студените периоди од годината.

Поврзани новости