Груевски утре треба да се појави на судење за насилството во општина Центар

by fokus

За утре е закажано рочиште за насилството во општина Центар во кое првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски, а обвинети се и екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски и уште 12 лица.

Основиот суд Скопје 1 го одложи последното рочиште и го презакажа на 28 јуни, бидејќи петмина од обвинетите не беа присутни на судењето.

Обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски тогаш побара од судот да се наложи приведување на сите обвинети кои немаат оправдување за отсуството на судењата. Адвокатот на одбраната пак тврди дека обвинетите кои не дошле најавиле отсуство, и дека може некои да не се дојдени од здравствени причини.

Поврзани новости