Граѓанската иницијатива „5 до 12“ ќе се вклучи во образовните реформи

by Fokus

Министерството за образование и наука ќе ги  вклучи претставниците на граѓанската иницијатива „5 до 12“ во работните групи, кои ќе се формираат за измена на Законите за основно и средно образование, како и на Законот за учебници. Ова е договорено на денешната средба на министерката за образование и наука Рената Дескоска и министерот за здравство Арбен Таравари со претставници на граѓанската иницијатива „5 до 12“.

Како што соопшти Министерството за образование, Дескоска ги информирала претставниците на граѓанската иницијатива дека во Стратегијата за образование 2017-2021, која е во подготовка, се предвидени низа активности за подобрување на можноста за образование на лицата со попреченост.

Еден од приоритетите на Министерството за здравство во претстојниот период ќе биде унапредување на здравствената заштита на лицата со попреченост, хендикеп и посебни потреби. На средбата е констатирано дека се потребни редовни работни средби со цел решавање на дневните проблеми со кои се соочуваат лицата со попреченост во земјава.

Поврзани новости