Како што вчера објави Фокус, на скопска Гинекологија пред три настанала збрка кога мајка земала погрешно бебе. За овој настан денеска од Гинекологија велат дека мајката кажала погрешно бројче.
=Побарано е бројчето на мајката, таа интерпретирала различен број што таа го има на раката и тогаш е направен увид дека станува збор за различни бројчиња. Со оглед на тоа што компатибилноста на бројчето и документите на бебето кое што во моментот било подготвувано е идентичен нема понатаму причина зошто да се направи грешка многу поголема од онаа која што можела да биде, рече Драгана Букилица од Клиника за гинекологија и акушерство.
Таа додава дека за вакви случаи постои точно утврдена процедура по која ќе постапат.
-Кога се пријавуваат вакви несакани случувања има точно утврдена процедура. Формуларот е пополнет и ќе се состане комисијата која што одлучува по тие прашања и ќе се постапи како што треба, вели Буклица.