ГАЛЕРИЈА Протест на новинари: Институциите да си ја вршат работата, ни требаат дела, а не соопштенија на солидарност

by Fokus

Пред Влада почна протестот за поддршка на претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани откако претходно Беќир Асани го нарече „копиле“.

На протестот можеа да се забележат транспаренти на кои пишува „И јас сум копиле“.

Тамара Чаусидис, претседателка на Синдикатот на новинари бара од Основното јавно обвинителство да постапуваат по службена должност.

„Она што му се случува на Селмани се однесува на сите нас. Од институциите да си ја вршат работата. Ни требаат дела, а не соопштенија за солидарност.

 

Поврзани новости