411
Демонстрантите на Шарената револуција со валјаци и боја пред Собранието на РМ со огромни букви испишаа: ОЈО вашето време истече, СЈО o’ clock!
„Шарените” по три месеци пауза денеска се реактивира со попладневен собир за поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство.
Протестот следуваше по најавата на Никола Груевски дека нема да ги поддржат барањата на специјалната обвинителка Катица Јанева.
Демонстрантите излегоа за поддршка на СЈО оти институцијата повторно е под напад на, како што велат, режимските гласноговорници.