Ќе проработи ли „Домот на пеколот“

by fokus

Екипата на „Фокус“ ја посети скопската населба Радишани, каде што е сместена приватната установа за заштита на стари лица „Бранкица“, која една година не работи поради донесено решение од Министерството за труд и социјална политика.

Но, Управниот суд по тужба на сопственикот го вратил предметот на повторно одлучување, поради што постои можност домот повторно да биде отворен. Најреволтирани се соседите што живеат во непосредна близина на домот, кој го нарекуваат „Дом на пеколот“, бидејќи според нив, болните и изнемоштени лица сместени таму се третирале на најлош можен начин, биле малтретирани и тепани, при што многумина од нив се обиделе и да избегаат.

Тие уште додаваат дека нивните деца и внуци се сведоци на постојани лелеци и апели за помош кои доаѓаат од домот, а многу често се сведоци и на тоа како покојните лица во ковчези ги изнесуваат од таму. Според нив, во таква урбана средина не смее да постои таква установа

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”