Вмровските гласачи го оставија на цедило Груевски, пред тој нив да ги остави на цедило

by fokus

Груевски од сета таа демонстрација на лојалност од страна на неговите луѓе, спремни и крв да леат за него, никаков бенефит за партијата не извлече, туку пак попушти пред сите барања на странците и на СДСМ.

Уште полошо, тој се откажа од оние кои се тепаа за него, и дозволи да бидат прогонувани, апсени, осудувани, и ни со прст не мрдна за да ги заштити.

Груевски често го споредуваа со Путин (и тие што го мразат, но и тие што го сакаа), ама за разлика од македонскиот автократ, рускиот автократ своите сојузници никогаш не ги остава на цедило.

Од Јужна Осетија за чија одбрана војна почна со Грузија во 2008, преку Украина каде што цели две сецесионистички територии со по неколку милиони жители поддржува со оружје, борци и пари, па сѐ до Сирија каде држи две години десетици бомбардери кои го спасија режимот на Асад, Путин докажа и докажува дека тој не ги остава оние кои му се лојални на цедило, дури и кога за тоа трпи санкции како во примерот со анексијата на Крим.

Чиста спротивност на карактерот на Груевски.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”