ЕУ: Сите партии да го поддржат СЈО

Откако предлозите за измена на Законот за заштита на сведоци и продолжување на мандатот на Специјалото јавно обвинителство паднаа во Собрание, Делегацијата на Европската Унија во Скопје ги повика четирите најголеми политички партии да ја поддржат работата на СЈО.

-Улогата на СЈО беше договорена од сите партии, како дел од Договорот од Пржино. Сите партии повеќепати се обврзаа да ја поддржат работата на СЈО. ЕУ ги охрабрува сите да дејствуваат во согласност со своите обврски и ја истакнува важноста на отчетноста – стои во соопштението од Делгацијата на ЕУ во Скопје.

Инаку, барањата на СЈО до Собранието ги достави СДСМ, а против нив гласаше владејачкото мнозинство. Од ДУИ иако најавија дека ќе ги поддржат барањата на Катица Јанева, на седницата се појавија само дел од пратениците, а тие гласаа половично.