„Пријателството се заборава, Александар останува вечен“, порачаа патриотите пред Собрание

by fokus

Фото: С.Р.

Во одговор на најавата дека во знак на добра волја Владата ќе го преименува автопатот „Александар Македонски“ во „Пријателство“, граѓаните кои денеска протестираа пред Собрание, организирани преку патриотски здруженија, порачаа: „Пријателството се заборава, Александар останува вечен“.

Транспарентот е закачен на дрво во паркот „Жена борец“, каде што е поставен камп во кој се собираат потписи за петиција против одлуките кои ги носи Владата и Собранието. Демонстрантите бараат и прекинување на преговорите за промена на името.

Како што велат организаторите, протестот е сенароден и предупредувачки, а против, велат, антимакедонските политики.

-Ова е протест на македонскиот народ, а сите ние здруженија кои сме овде стапуваме во коалиционо единство со нашиот македонски народ. Во негови раце е судбината на сите нас и тие ќе ја извојат до крај својата праведна битка за зачувување на својот вековен идентитет, историја, култура и име и на својата со крв спечалена држава – изјави Ана Бубинкова Михајловска претседател на здружението на граѓани „Преродба“.

Поврзани новости