Апелациониот суд Скопје донесе одлуки со кои ги одби како неосновани жалбите на осомничените за тероризам и уставно загрозување, по однос на настаните од 27-ми парил. Со тоа Владо Јовановски, Митко Чавков, Игор Дурловски и Богдан Илиевски, меѓу другите, остануваат во притвор.
„Апелациониот суд Скопје, по одржаните јавни и нејавни седници на ден 10.01.2018 година и 11.01.2018 година, донесе одлуки со кои ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје 1 Скопје донесени во рамки на предметите во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година и тоа за обвинетите Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Владо Јовановски, Митко Чавков, Игор Дурловски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Раудлов, Богдан Илиевски и Илија Славевски“, велат од Апелација.