Експерти: Дисперзираните студии се непотреби, нивното укинување е вистинскиот чекор

by fokus

Дисперзираните студии се непотребни и нерационални, нивното укинување на Универзитетот Кирил и Методиј од страна на Министерството за образование, според експертите е вистинскиот чекор.

Експертите велат дека овие студии беа избрзан чекор, преземен без консултации на експертите и без јавна дебата.

Според поранешниот министер за образование, Ненад Новковски, универзитетите во неколкуте градови го задоволуваат пристапот на студентите до високо образование, така да дисперзираните студии се непотребни и нерационални. Конечното решение, според Новковски, е дисперзираните студии да се распределат согласно потребите на регионите.

„Ако сакаме во високото образование да има квалитет, тогаш треба да се исполнат неколку стандарди, квалитетот на работа, квалитетот на кадар кој треба да предава и бројот на студенти кои треба да се запишат. За жал, овие предуслови и стандарди биле лимитирани и на некој начин универзитетите одеа по политички одлуки, за нивните политички лидери да добијат политички поени“ – изјави Хасан Јашари, универзитетски професор.

Останува нејасно дали иста одлука ќе се донесе и за тетовскиот универзитет кој има дисперзирани студии во Скопје, Куманово, Кичево, Дебар и во Струга, но некои се укинати поради недоволен број на студенти.

МОН ги укина дисперзираните студии на УКИМ по барање на Универзитетот, а тоа дојде по одлуката на Владата.

Поврзани новости