„Единствена Македонија“ изразува шокираност од најновите информации, според кои, деновиве на меѓусебните средби меѓу Зоран Заев, Христијан Мицковски и Али Ахмети е постигната согласност за промена на името и на средбите всушност се разговарало за технологијата како да се изведе операцијата за обезличување на македонскиот народ и промената на вековното македонско име, велат од партијата.
„Значи, повеќе нема дилема. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ настапуваат како еднапартија „Погреб за Македонија“ со ко-претседателите Зоран Заев, Христијан Мицковски и Али Ахмети, со крајна цел промена на името-Република Македонија. „Единствена Македонија“ ја предупредува партијата „Погреб за Македонија“ и нејзините ко-претседатели Заев, Мицковски и Ахмети дека немаат мандат да го обезличат македонскиот народ и дека промената на името ќе се смета за национално предавство“, порачуваат од таму.
Со доаѓањето на новата легална власт, додаваат, ќе бидат поништени сите антимакедонски и антидржавни акти на владејачката партија „Погреб за Македонија„ со кои се рушат Македонија и Македонците.