561
Единствена Македонија денеска во Собранието ќе поднесе иницијатива за повлекување на одлуката за стапување на Република Македонија во членство во Северно-атланската договорна организација – НАТО, што ја донесе Собранието на седницата одржана на 23 декември 1993.
Единствена Македонија е новото име на партијата Народно движење за Македонија кое лидерот Јанко Бачев го претстави во неделата кога беа избрани и седум нови членови на извршниот комитет на партијата. Партијата најави дека ќе побара повлекување на сите документи за членство на Македонија во НАТО и ќе се залага за сојуз со Русија и влез во Евроазиската Унија.