Двете сестри додека живееле во „25 Мај“ исчезнале 89 пати и биле силувани

by fokus

Двете малолетни сестри – штитенички на Dомот „25 мај“, преживеале полов напад од 35-годишен маж. Додека биле под покривот на Домот, одсносно до 2015 година, вкупно 89 пати се пријавувани за исчезнати, а нивните имиња во полициските досиеја се споменуваат и како осомничени сторители на неколку кривични дела. Од тогаш едното девојче живее заедно со нејзината мајка, а другото во згрижувачко семејство, објави „Плусинфо“.

Сестрата која живее во згрижувачкото семејство успеала да се извлече од сивилото и да се излекува од зависноста од лепак, но мајката сега сака да ја врати дома, на што се спротивставува стручниот тим од Министерството за труд и социјална политика.

За првпат, случајот со двете малолетнички го обелодени Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) посочувајќи дека, покрај за 13-годишното девојче кое абортираше, има сведочења за уште две девојчиња – сестри кои наводно биле земани од домот од постар маж кој сексуално ги злоставувал на железничката станица во Скопје.

Поврзани новости